Во последно време многу популарни се лигите во кои играат легендарни ветерани. Во 2004-та година сензационален шампион во германска Бундеслига стана Вердер Бремен а лидер и прв стрелец на таа екипа беше Бразилецот Аилтон со дури 28 гола. Отсекогаш важеше за буцко кој има феноменална лева нога, а таков е и денес, цели 19 години по таа култна шампионска титула.