БиБиСи во саботата објави дека назначувањето на Жозе Мурињо за нов тренер на Манчестер Јунајтед е веќе завршена работа и тоа ќе се случи во вторник, а Дејли Мејл денеска излезе веќе и со детали околу договорот.
Раководните луѓе на Јунајтед до толку сакале да го осигураат неговото доаѓање, што му дале 5 милиони евра само да не оди во друг клуб до крајот на сезоната, а договорот кој му го понудиле е 75 милиони фунти (97 милиони евра) за 5 години работа.
Единствениот проблем во договорот е клаузулата за добро однесување која Мурињо не сакал да ја потпише, а тоа се должи на неговиот незгоден карактер кој го демонстрира пред судиите кога нешто не му е по мерка. Во двата наврати кога беше тренер на Челси, тој доби казни во висина од 230.000 фунти.
Дека клубот сериозно се спрема да го враќа клубот на старите патеки од времето со Фергусон покажува податокот дека за засилувања клубот ќе издвои над 200 милиони фунти. Во тој контекст Гардијан излезе со имиња на фудбалери кои Мурињо ова лето ќе сака да ги донесе во тим.
Џон Стоунс (Евертон, одбрана), Езекиел Гарај (Зенит, одбрана), Андре Гомеш (Валенсија, среден ред), Жоао Марио (Спортинг, среден ред), Мауро Икарди (Интер, напад), Алваро Мората (Јувентус, напад).
За отпуштањето Лиу ван Гал дознал од жена му неколку минути по освојувањето на ФА Купот, што се смета за уште посрамно од она на Дејвид Мојс кој дозна дека ќе биде сменет од медиумите, пред лично да му соопшти потпретседателот на клубот Ед Вудвард.
Иднината на Рајан Гигс сè уште не е јасна, но се очекува тој да му биде асистент и на Мурињо поради тоа што има воспоставено одличен однос со играчите.
Мурињо има најдобар процент на победи во Премиер лигата.
Во однос на најголемите ривали во Премиер лигата има најмногу трофеи заедно со Гвардиола со кој ќе работат во ист град.
Највисок процент на победи во кариерата имал со Реал Мадрид.