Пред почетокот на натпреварот, бразилскиот судија со знак на ФИФА, Сандро Ричи ја бакна асистенката Фернанда Коломбо. (скролнете на видеото до 5:14)
За оние на стадионот а и оние крај малите екрани кои не знаеле за што станува збор, Сандро и Фернанда се маж и жена.
Инаку Сандро Ричи е топ судија. Судеше на Светските првенства 2014 и 2018. Го судеше и фамозното четвртфинале Хрватска - Русија. Познати натпревари му се и финалето на Светското клупско првенство 2013 година, натпревари од Копа Либертадорес, Копа Судамерикана, бразилскиот шампионат, а се појавил на суд дури и со Нејмар.
Во 2010-та година кога Нејмар уште играше за Сантос и изгубил на еден меч од Виторија, после натпреварот на Твитер се бунел за пеналот кој го досудил Ричи:
„Судија лопов, треба да те уапсат“.
Нејмар брзо го избришал твитот, но судијата го дал на суд каде пресудиле дека фудбалерот треба да му плати 15.000 бразилски реали (околу 4.000 долари) на Ричи поради навреда и рушење на углед.
Сопругата на Сандро Ричи, Фернанда Коломбо исто важи за реномирана фудбалска дусијка. Таа еднаш се пошегува со еден фудбалер, кога тргна да вади жолт картон па извади марамче и си го избриша лицето. Твитот на британската хокеарка Саманта Квит со видеото од овој настан собра повеќе од 21 милион прегледи:
I’d love to see a Premier League ref do this after a debatable 50:50
— Samantha Quek (@SamanthaQuek) July 1, 2019
Watch the players squirm for a few seconds 😂 pic.twitter.com/kC1nobszXf
Фернанда Коломбо има уште пар интересни моменти од фудбалските терени
fernanda colombo entregando uma flor pra milene domingues foi o gol mais bonito até agora do amistoso#AmistosodasMinas#AmistosoNoSporTVpic.twitter.com/fTdOKgCGLW
— sâmia bi e hepta (@crfpress) December 16, 2019
Пред да стане фудбалски судија, Фернанда Коломбо работела како модел. Од 2014 година работи во бразилската Серија А како линиски судија. На нејзиниот Инстаграм има повеќе од пола милион следбеници. Новинарите ја нарекоа „бразилското чудо“.