Интер се врати во игра за осминафинале, Реал повторно поразен од Шахтјор

Атлетико Мадрид и Аталанта пропуштија победи на домашен терен и сега се доведоа во ситуација во последно коло да играат директни дуели за второ место во А и Д групата, каде Баерн и Атлетико се сигурни патници. Во групата Б е каша попара, а група Ц е решена.

Најголемата неизвесност од вечерашните средби во ЛШ е разврската во Б групата каде сега сите четири екипи се во игра за пласман во нокаут фазата. Интер со вечерашната победа во Германија остана во игра, а единствениот резултат кој не му одговара во последно коло е во Мадрид да биде нерешено. Во таков случај ниту победа против Шахтјор не им врши работа.

ГРУПА А

Локомотив Москва - Салцбург 1:3

Атлетико Мадрид - Баерн Минхен 1:1

Баерн 13, Атлетико 6, Салцбург 4, Локомотив 3

Последно коло: Баерн - Локомотив, Салцбург - Атлетико Мадрид

ГРУПА Б

Шахтјор Доњецк - Реал Мадрид 2:0

Борусија Менхенгладбах - Интер 2:3

Б.Менхенгладбах 8, Шахтјор 7, Реал Мадрид 7, Интер 5

Последно коло: Реал Мадрид - Б. Менхенгладбах, Интер - Шахтјор

ГРУПА Ц

Порто - Манчестер Сити 0:0

Марсеј - Олимпијакос 2:1

Манчестер Сити 13, Порто 10, Олимпијакос 3, Марсеј 3

Последно коло: Манчестер Сити - Марсеј, Олимпијакос - Порто

ГРУПА Д

Аталанта - Митјиланд 1:1

Ливерпул - Ајакс 1:0

Ливерпул 12, Аталанта 8, Ајакс 7, Митјиланд 1

Последно коло: Митјиланд - Ливерпул, Ајакс - Аталанта

1 декември 2020 - 23:04