Интер го напушта Сан Сиро и ќе си гради свој сопствен стадион. Новиот стадион ќе биде подготвен за почетокот на сезоната 2016/17 и ќе има капацитет од 60.000 гледачи.
Во моментов Интер и Милан се кирајџии на стадионот Сан Сиро во Милано, но фамилијата Морати планира да го пресели клубот на нов стадион кој ќе биде во сопственост на клубот. За таа цел тие веќе одбрале пет можни локации и се сретнале со инвеститори од Кина и Катар и договориле изградбата да започне за неколку месеци.
Челниците на Интер сметаат дека со изградбата на новиот стадион клубот ќе го зголеми приходот од домашните натпревари. До сега со изнајмувањето на Сан Сиро тие заработуваа по само 28 милиони евра по сезона.