
Иако роден во Велс, Пол Џејмс се сели во Канада и таму станува едно од најголемите фудбалски имиња на оваа земја. За репрезенацијата која првпат се пласирала на Светско во 1986-та па чекаше дури до пласманот во Катар 2022, Пол Џејмс одиграл 47 пати.
Со своите одлични настапи тој влегол и во Куќата на славните во Канада.
Врв во кариерата на Пол Џејмс му биле игрите на Светско првенство 1986-та во Мексико каде ги одиграл сите три меча од групна фаза. Едно време работел и како селектор на младинската репрезентација на Канада и имал мошне пристојни примања. Но одбрал погрешен пат...
Новинарите на Дејли Мејл сега го сретнале 59-годишниот Пол Џејмс на улиците на Лондон каде проси за парче леб и некој денар. Таму дошол пред почетокот на пандемијата од Канада и останал. Додека седи на ќебе ја раскажал својата траорна судбина за која и самиот во голема мерка кумувал.
„Мојата фудбалска кариера беше сè. Не требаше да пропуштам ниту еден ден на работа. Утре да се убијам луѓето би имале разбирање, затоа што тоа беше крвава бруталност. Зошто просам? За да можам да бидам независен. Да се вратам во нормала. Да можам да облечам нова гардероба а не искористена“, со гнев во гласот раскажувал Џејмс.
Тој во 1998-ма година ја напуштил Канада откако се кренала голема врема дека редовно конзумира кокаин. Токму дрогата го фрлила на дно. Почнал прво да продава се што има за да стигне до зрно дрога.
Во јуни минатата година починала мајка му, а тој дознал дури два месеци подоцна. Вели дека цели четири години не видел никој од семејството и дека тоа му е сега најголема желба. Верува дека после оваа исповед ќе може да се поврзе со татко му и да се врати на нормалниот живот.
Од Универзитетот Јорк во Канада каде последно работел како тренер на фудбалскиот тим практично бил принуден да замине поради зависноста од дрога. Пред крајот на 2016-та останал и без работа и без пари. Со текот на годините подработувал: шетал кучиња, чистел домови. Се разделил и со жена му Ешли Кели. Останал без сè што поседувал.
Некогашен фудбалер на Реал Мадрид, денес работи во магацин во Крагуевац за 400 евра