Ибра во негов стил

По шамарање и редовни конфликти со тренерите и противнички фудбалери, Ибахимовиќ сега почна да напаѓа и новинарки.

Златан Ибрахимовиќ со асистенција и гол беше најзаслужен за победата на Милан над Лече со 2:0, но по натпреварот тој покажа дека се уште е присутна нервозата во редовите на Милан по поразот од Арсенал.

За време на интервју по натпреварот, запрашан дали постои конфликт со тренерот Алерги заради променетата формациска поставеност и слабата игра на натпреварот со Арсенал, Ибрахимовиќ одговори:

Има многу луѓе кои зборуваат за нешто што не знаат и најдобро би било да си ќутат".

Во тој момент тој се сврте кон новинарката Вера Спадини од Sky Italia, фрли кон неа со гуменото ластиче за коса (тој момент не се гледа најдобро на видеото, но се случува на 0:06) и и се развика „Што кур гледаш?".

Малку подоцна преку официјално соопштение, од фудбалскиот клуб Милан потврдија дека Златан и се јавил на новинарката да и се извини.

12 март 2012 - 12:20