Најдобриот грузиски фудбалер на сите времиња, Хвича Кваратцхелија игра во животна форма. Откако освои историско скудето со Наполи каде беше најдобар играч во тандем со Нигериецот Осимен, отиде во ПСЖ и таму блеска. Лани стана европски шампион а годинава сака да го одбрани пехарот со Парижаните. Грузиецот стана единствен фудбалер во историјата на ЛШ кој на 7 натпревари по ред имал гол или асистенција.