Големиот ПСЖ оддолеа во Минхен и оди во ново финале да го брани пехарот

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен одигра 1-1 на реваншот со Баерн во Минхен, ја одбрани победата од првиот дуел во Париз и се пласираше во големото финале на Лига на шампиони каде ги чека Арсенал.

Лекција по фудбал одржа маестро Луис Енрике чија екипа вечерва во Минхен играше совршено во одбраната и во нападот. Парижаните први поведоа уште по самиот почеток на мечот кога Хвича Кварацхелија одлично го проигра Дембеле кој погоди за 0-1.

На пауза се отиде со тој резултат а Баерн Минхен делуваше немоќно да ја пробие одбраната на гостите. Неверојатен беше рускиот голман Сафонов кој ги спречи речиси сите напади на Баварците.

Конечно утешен гол за Баерн Минхен во 94' минута постигна Хари Кејна и 1-1 беше конечен резултат.

Шампионот на Европа ќе има прилика да го одбрани трофејот освоен лани кога го декласираше Интер со историски 5:0. Ривал ќе им биде мотивираниот и инспириран Арсенал.

Големото финале се игра во Будимпешта на 29. мај.

 

7 мај 2026 - 00:49