Халанд го реши нордиското дерби, Норвешка после 26 години ја победи Данска

Дербито на двете нордиски селекции донесе дури 5 гола. Домаќините рано имаа убедливо водство, гостите израмнија но Халанд се погрижи за првите 3 бода во Лига на Нации за Норвешка.

Во групата А4 Норвешка ја совлада Данска 3:2. Ерлинг Халанд со два гола беше играч на натпреварот. Норвежаните водеа 2:0 после само 18 минути игра но гостите се вратија во игра со головите на Микел Дамсгор и Расмус Хојлунд.

Во 74' минута ѕвездата на Манчестер Сити постигна нов погодок за 3:2 и победа на селекцијата која го елиминираше Бразил од Светското 2026.

Халанд игра во страшна форма, тој има девет гола на последните шест средби за клуб ир епрезентација. Има вкупно 64 гола досега на 56 настапи за Норвешка.

Во оваа група се уште и Португалија и Велс кои синоќа играа во Лисабон каде Португалците славеа 1-0 со голот на Жоао Феликс во 22' минута.

Clasificación ofrecida por Sofascore
25 септември 2026 - 10:18