Екипата на Палермо која беше промовирана во првата италијанска лига во 2004 година, за прв пат минатата година се спушти под 11 позиција на табелата. Откако Ѕампарини стана прв човек на тимот од Сицилија во 2002 година, Палермо не само што влезе во елитното друшто во Серија А, туку стана и тешка тврдина за освојување.
Често пати им ги матеше сметките на поголеми тимови, а се бореше и во зоната која обезбедува пласман во Лигата на Европа. Но строгиот претседател кој за само 10 години успеа да отпушти дури 24 тренери, очигледно најмногу погреши во продажбата на најдобриот поединец во екипата Хавиер Пасторе.
Сицилијанците во сезоната 2010/2011 беа вистински хит во првенството и завршија на 7 позиција на табелата, предводени од фантастичниот Пасторе кој со тогашните 20 години, постигна 14 погодоци.
Наредната сезона Ѕампарани добро се офајди од продажбата на Пасторе во ПСЖ, кој направи рекорден трансфер во еден француски тим од 42 милиони евра, поголем од оној на Ањелка за кого Парижаните на Реал Мадрид му платија 33 милиони евра.
Но цехот го плати веќе наредната сезона со пад од 9 места на табелата, завршувајќи на 16 позиција во Серија А. Ситуацијата оваа сезона е уште полоша, затоа што Палермо е на дното на табелата со 17 поени исто колку што има и Џенова и според моменталната ситуација, изгледа дека ќе води жестока битка за опстанок.
Слабите резултати и кризата во тимот наместо со купување нови играчи, Ѕампарини постојано се обидува да ја поправи со нови тренери. Само оваа сезона која е на половина, тој веќе отпушти двајца. Џузепе Санино по само три месеци престој доби отказ во септември, Џан Пјеро Гасперини си замина минатата недела, а за спасител на сезоната е назначен Алберто Малезани.
Единствениот кој успеа да седи на кормилото на клубот повеќе од една сезона беше Делио Роси во периодот од ноември 2009 до февруари 2011. Откако се занимава со оваа дејност 72 годишниот Ѕампарини има отпуштено вкупно 37 тренери.