Грчките фудбалски судии решија да не судат и да бојкотираат

Фудбалските арбитри и делегати од Грција, во вторникот во заедничко соопштение изјавиле дека нема да судат ниту делегираат ниту еден меч од најдобрата грчка Суперлига почнувајќи од следниов викенд, во знак на протест што работат во неиздржливо опасни услови.

Грчкиот фудбал веќе неколку децении не може да излезе на крај со насилството кое го опкружува, со обвинувањата за корупција и наместени натпревари.

Судиите во Грција често се мета на насилни напади од хулигански групи а неретко се преминува и црвената линија и се напаѓаат нивните домови, возила, имоти. Минатиот месец речиси незабележително мина веста дека во Атина на судијата Андреас Гамарис му подметнале пожар во дуќанот над кој се наоѓа неговиот семеен дом во кое во тој момент било семејството.

Пред неколку дена уште ден судија, Тасос Папапетру, наводно примил смртни закани откако судел натпревар од Суперлигата неколку дена претходно.

„Во последните години грчки и странски судии беа постојана мета, вреќа за удирање и жртвено јагне за префрлање одговорности. Пријави кои минуваат неказнето, закани, насилство, вербални и физички напади... се само некои од проблемите кои го направија фудбалот отровен. Како резултат на сето тоа судиите и помошните судии од прва лига (Супер лига) одлучија да не судат ниту еден натпревар со почеток од 14. коло (викендов) се додека не добиеме соодветни услови за нашата безбедност. Со оваа акција сакаме да се заштитиме себе и нашите семејства“, стои во соопштението од грчките судии адресирано до судискиот комитет и до Грчкиот фудбалски сојуз.

Фудбалските судии побарале и средба со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.

Грчката Супер лига уште не се огласи по повод ова соопштение. Во фудбалската лига на оваа земја често судат и странски судии со знак на УЕФА и ФИФА.

6 декември 2023 - 10:46