Голот на Црвена звезда против Сити после лудата статистика

Секогаш кога ќе се спомене она коментаторското „непишано правило“ дека ако не се искористат шансите стигнува казна, овој меч ќе биде прва асоцијација. Манчестер Сити вечерва во првите 45 минути имаше дури 22 шута кон голот на Црвена звезда, најмногу откако се мери во Лига на шампиони, но гостите се одбранија и во 45' минута од контра го шокираа европскиот шампион.

Во 45-та минута на асистенција на Мирко Иваниќ, Осман Букари постигнува гол. Линискиот судија крена офсајд а после прегледување ВАР главниот судија призна регуларен чист гол за шок на „Етихад“:

Веднаш на стартот на вториот дел европскиот шампион експресно дојде до 1-1 а потоа и до 3-1.

19 септември 2023 - 22:17