Голманот на Галатасарај шутираше пенал

Верувале или не, уругвајскиот голман Фернандо Муслера веќе 14 години е член на Галатасарај. Легендарниот голман остана долго во турскиот фудбал. Освои еден куп пехари во првенство, во Куп. Сега кога Галатасарај ја обезбеди шампионската титула пред Фенербахче на Мурињо, на мечот против Кајзери, соиграчите му дадоа на Муслера да изведе пенал. Колегата му го процени ама топката на крај заврши во голот.

Интересно Муслера шутирал пенал и во неговата дебитантска сезона во Галатасарај, на крајот во последното коло од таа 2011/2012.  

Фернандо Муслера е најтрофеен играч во историјата на турскиот фудбал: има 8 шампионски титули, 5 Купа и шест Суперкупа. Севкупно 19 трофеи за 14 полни сезони во дресот на Галатасарај. Муслера има 550 натпревари во сите турнири и е права клупска легенда.

Тој следната сезона би можел да стане рекордер по бројот на настапи (прв е Булент Коркмаз со 589 натпревари) но договорот му е до летово 2025. Како што се најавува тој ќе се врати во татковината Уругвај и таму ќе ја заврши кариерата. Сакал да го води својот клуб од трета лига Спортиво Бела Италија.

 

Галатасарај стана шампион на Турција на две кола пред крај. Изгуби само еден меч во првенството и тоа од големиот ривал Бешикташ во март месец. Сезоната ја започнаа со пораз 5:0 против Бешикташ во Суперкупот но и испаѓање во квалификациите за Лига на шампиони од Јанг Бојс. Галатасарај потоа зареди 20 победи и 3 нерешени во првите 23 кола и заслужено стана шампиони. Имаа и серија од осум победи на девет меча во еден дел од сезоанта.

Ова е 25-та шампионска титула за Галатасарај така што клубот сега над грбот, над амблемот ќе пришие и петта ѕвездичка. Галатасарај трет пат по ред ја освојува шампионската титула под водство на тренерот Окан Бурук. Претходно имаше три различни шампиони: Истанбул Башакшехир, Бешикташ и Трабзонспор.

Фенербахче останува на 19 освоени титули. Никако не можат да и се израдуваат на шампионската титула освоена во далечната 2014-та година. Од 2008-ма година верувале или не Фенербахче има дури 11 втори места!

19 мај 2025 - 12:08