Во втората рунда од Купот на Бразил синоќа Гремио одиграл 3:3 на гости кај второлигашот Атлетик (МГ). Домашниот голман Жоао Лукас во последни секунди од натпреварот додека воделе 3:2, во 90+4' минута од судиско продолжение направил тежок кикс и примил неверојатен гол за 3:3. На пенали подоцна Гремио славел 7-8 и отишол во трето коло.