Гол на Несторовски за збогум од Серија А

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски со гол број 11 се прости од Серија А во неговата дебитанска сезона. Тој го отвори резултатот во 76 минута, а од конечните Палермо - Емполи 2:1, профитираше Кротоне кој го совлада Лацио и обезбеди опстанок во прва лига. Во Серија Б се селат Пескара, Палермо и Емполи.

 

28 мај 2017 - 23:56