Нашиот најтрофеен фудбалски клуб не е единствен кој го носи ова име. Нивниот истоименик се наоѓа во САД, во државата Мичиген. Тој не е толку стар колку Вардар од Скопје кој годинава прослави 67 години од своето постоење.
Вардар Сокер клуб е формиран во 1982 година и тоа е всушност младинска академија која произведува таленти на возраст од 8 до 18 години. Се натпреварува во регионално и државно ниво, во машка и женска конкуренција.
Меѓу вработените баравме дали имаа и некој наш што живее во САД, но откривме двајца балканци Слободан Павловиќ и Драго Думбовиќ чии имиња фигурираат на сајтот на клубот.
Покрај името, американскиот и македонскиот Вардар ги носат истите бои. Чекаме пријателска на Филип Втори па да видиме за кој Вардар ќе се навива погласно.