
Ако некогаш беше огромна чест да се води некогашниот хегемон во холандскиот и европскиот фудбал, сега тоа веќе не е така. Ајакс од тим кој играше полуфинале на Лига на шампиони и разбиваше великани во Лига на шампиони, спадна на тоа да биде последен во домашното првенство.
Сето тоа влијаеше и на реномето на клубот па така по заминувањето на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, „копјаниците“ во само година ипол сменија дури пет тренери!
Прво дојде Алфред Шројдер но го сменија по катастрофални резултати на 26 меча колку што ја водеше екипата. Следуваше Џони Хејтинга кој исто издржа неколку недели, па дојде Морис Стајн кој беше најавуван како човек кој ќе воведе ред, но на 11 меча имаше катастрофален учинок а на крајот привременото решение Хедвигс Мадуро ја прели чашата со два убедливи порази.
Најново од Холандија стигнува дека искусниот тренер Хенк тен Кате кој успешно го водеше Ајакс од јули 2006 до октомври 2007, ја одбил најновата понуда пак да седне на клупата поради тоа што добил улога во крими серијата „Заспани“ која има 10 епизоди и во која требало да глуми полициски инспектор?!
Тен Кате е свесен со каков „бос“ играчки материјал располага Ајакс па не сакал да си го руши реномето.
Тој им 68 години, на времето бил скромен фудбалер но како тренер имаше одлични успеси како помошник на Франк Рајкард во Барселона и после во Ајакс. Подоцна беше помошник и во Челси кога тренер на сините беше Аврам Грант, го водеше Панатинаикос, па работеше уште и во Кина, во Спарта Ротердам и во репрезентацијата на Суринам каде уште се води како помошник на Арон Винтер.
Нов тренер на Ајакс од пред неколку дена е Џон ван ет Шип кој кратко беше селектор на Грција и кој ќе дебитира вечерва против Волендам.