
Покрај ѕвездата на Реал Мадрид, овој тренд неодамна го користеле и Мадона, Бијонсе, Кејти Пери, Ријана, Ким Кардашијан, Мајли Сајрус, соиграчот на Родриго, Едер Милитао и други.
Со вакви заби обложени со драгоцени камења меѓу првите се прослави култниот јунак Грга Питиќ од филмот на режисерот Емир Кустурица „Црна мачка бел мачор“ во 1998-ма година.
Мафијашкиот ромски бос Грга Питиќ го глумеше Сабри Сулејман од Скопје кој и самиот не бил актер по професија туку работел во Геолошки институт во Скопје и таму бил забележан од еден кастинг агент кој го поканил на аудиција во Белград.
По зборовите на режисерот Емир Кустурица, уште кога Сабри седнал и прекрстил нозе на аудицијата пред него и тропал со прстите по фотелјата, сфатил дека тој е тој.