Глупавата Лига на шампиони

По елиминацијата на Рома од ЛШ, италијанските медиуми удрија силно по контроверзното судење и УЕФА која се инаети за ВАР. Кориере дело спорт отиде со насловна „The Scempiooons“, а scemo во превод значи глупав. 

Ако ви се допаѓа неправеден фудбал, ако сте љубители на теоријата „судијата греши исто како еден играч и неговите грешки треба секогаш да бидат прифатени“, ако ви се допаѓа резултат несоодветен на случувањата на теренот, ако со други зборови во 2018-та толерирате “политички“ или само “кратковиден“ фудбал, психолошка потчинетост, за вас УЕФА го постави идеалниот турнир кој се вика Scempions League (Лига на шампиони) или совршен фудбалски криминал.
 
Тоа е настан кој оваа година ги носи Реал Мадрид и Ливерпул во финале, две екипи кои во полуфинале и исто така претходно (Реал - Јуве) имаат неверојатна помош од судиите.
 
Не зборувам за силата или формата на финалистите, туку мислам дека е неподносливо во сезоната на ВАР да гледаме вакви ситуации кои се сепак документирани.
 
Не го поставувам прашањето за политичка инфериорност на Италијанците: Германците имаат важна федерација, а сепак минатата година, повторно со Реал, исто како сега беа исфрлени од судиите. Не заборавајте дека пред две години мечот Јуве - Баерн беше решен од судиите. Сакате да зборуваме и за Барселона - ПСЖ од минатата сезона?
 
Претседателот на УЕФА веќе рече дека нема да воведе видео технологија, не веднаш. Тоа е политика, не е фудбал. Не сфаќа дека десетици камери им дадоа свирче на милиони гледачи? Зарем не е време да се избегнат други вакви срања од планетарна важност? Кога ќе се врати малку кредибилитетот во фудбалот?
 
Пријатно до Киев
 
3 мај 2018 - 16:22