Гивен и Харт со најмногу работа

Со натпреварите од последното коло во Д групата се комплетираше второто коло од првата на Европското првенство во Полска и Украина. Еве неколку интересни податоци за досегашниот тек на турнирот.

13 - Во досегашниот тек на првенството Шеј Гивен (Република Ирска) има најголем број на одбрани 13. Втор со 12 е чуварот на мрежата на Англија, Џо Харт со 12.

3+ Англија последен пат постигнала повеќе од три гола на еден турнир во 2004 година кога ја совлада Хрватска со 4:2.

Тео Волкот е првиот репрезентативец на Англија, кој постигнал гол надвор од шеснаесетникот по пауза од четири години. Последен беше Стивен Џерард во 2008 против Белорусија.

17 - Седумнаесет од последните 20 гола на Европските првенства, Шведска ги постигнала во второто полувреме.

32 - Триесет и два проценти од головите на Евро 2012 се постигнати со глава. На последниот шампионат процентот изнесуваше 19.

136 - Со 136 додавања на мечот против Република Ирска, Чави (Шпанија) го сруши досегашниот рекорд на Европските првенства сопственост на Роналд Куман (Холандија) од 1992 кога на дуелот против Данска имаше 117

3 - Марио Манџукиќ (Хрватска) на првенството постигна три гола од вкупно упатени четири удари.

Андреа Пирло е првиот фудбалер на ЕП, кој постигнал гол од слободен удар по Чехот, Хајнц на Евро 2004 против Германија.

Двајцата фудбалери кои на турнирот упатиле најмногу удари кон голот се уште не се запишале во листата на стрелците. Кержаков (Русија) 11, Кристијано Роналдо (Португалија) 10

16 јуни 2012 - 02:36