Португалија редовно во квалификациите тероризира некоја од најслабо рангираните селекции. Во својата историја на три пати победиле со 8:0 а синоќа со резултат 9:0 го згромија Луксембург и ја забележаа својата највисока победа во својата фудбаска историја.
Главниот играч на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш правеше шоу и со три асистенции и еден гол беше играч на мечот. Имаше и додавање познато како „тривела“ кога Игнасио го отвори резултатот 1:0.
Овој фудбалер погодои уште еднаш, а стрелаа уште и Рамос (два пати), Жота (два пати), Орта, Фернандеш и новиот фудбалер на Барселона Жоао Феликс кој ги постави конечните 9:0.