Фудбалското револуционерно деби

Малиот гениј се појави на 20 октомври 1976 година во дресот на Аргентинос и на возраст од 15 години ги направи првите чекори во кариерата која ќе се трансформира во светот на фудбалот.

Некое време откако Диего Марадона излезе за прв пат на терен новинарот Едуардо Карпио се впушти на улицата Лескано 2257. Во тивката сообраќајница на Буенос Аирес во населбата La Paternal се наоѓаше домот на семејството Марадона, каде живеа Диего и неговите двајца браќа Лало и Хуго. Диего веќе беше на пат да стане идол во Аргентинос Јуниорс.

Таа година 1979-та, три години по дебито на Диего во сениорска конкуренција и во пресрет на неговите величествени изданија со која Аргентина за прв стана Светски првак на младински Мундијал, Хуго кој важеше за надежен играч од младинскиот сектор на Аргентинос и кој се обиде да направи кариера во Италија, Шпанија, Австрија и Јапонија, беше запрашан дали мисли дека еден ден би можел да игра како неговиот брат.

„Не, никогаш ниту помислив дека можам да одам толку далеку како него. Диего имаше посебен талент и тоа се виде кога се појави за сениорска екипа на само 15 години“

Да се вратиме на 20 октомври, 1976-та, повторно во La Paternal. На стадионот на Аргентинос кој подоцна ќе го крсти својот стадион по името на својот најславен играч во историјата, гостуваше Талерес де Кордоба во рамките на 8. коло во првенството. Аргентинос беа во серија од три победи по ред, но пред себе го имаа еден од фаворитите за освојувањето на првенството.

Домашниот тренер Хуан Карлос Монтес имаше тешко попладне пред себе и едно изненадување во ракавот. На клупата за резерви седеше дете кое имаше репутација во своето соседство и 10 дена до неговиот 16-ти роденден. Се разбира тоа дете беше Диего Армандо Марадона.

Уште во 1971 година тој доби признание за неговите трикови и жонглирања до тој степен што аргентински весник го споменува во една статија, но со погрешно име Диего Kарадона. Од У13 се искачи во прв тим за само две години, а сега се чекаше својата шанса да ја искористи за да остави белег во прв тим.

Талерес почна да игра подобро и поведе со голот на Хача Лудуена. Монтес планираше да игра со згуснат среден ред и да им ја умртви играта, тактика која не вроди со плод. На полувреме се сврте кон Марадона и му рече да влезе на местото на Рубен Џакобети.

„Ајде дете. Играј како што знаеш и ако можеш протни му ја на некој топката низ нозе“.

Со дрес број 16 и кадрава коса, малиот за прв пат се појави на терен.

Марадона буквално ги сфати советите на тренерот и уште први првиот допир со топката, Хуан Кабрера беше првата од бесконечниот број на негови жртви низ кариерата. На стадион имаше околу 7.000 гледачи и тие знаеа дека гледаат нешто посебно, а сведоците кои биле на неговото деби тврдат дека трикот со кој ги посрамотувал противниците брзо станал омилен кај многу повеќе фанови.

Диего беше момчето кое што се погрижи за тимот кој почна да доминира и да прави многу шанси кои за жал останале нереализирани. Но фудбалот од тоа попладне е неповратно променет. Пред 40 години на терен се појави нов крал на фудбалот кој за некој е најдобриот што стапнал на терен. Ако марсовец се појави на земјата, никогаш ништо нема да биде иста како повторно.

goal.com

21 октомври 2016 - 16:09