Фудбалерките на Цирих ја предизвикаа Барселона

Женскиот фудбалски клуб Цирих ги растура своите противници со во просек по 5,7 голови на натпревар и решија да се пресметаат со достоен противник. Тие ги предизвикаа фудбалерите на Барселона.

Шампионките на Швајцарија оваа сезона на 22 натпревари забележаа исто толку победи со во просек по 5,7 постигнати голови, односно тие вкупно имаат постигнато 125, а примено само 9 голови.

Најверојатно веќе и на нив им станало досадно, па решиле да најдат некој посилен противник. Ни помалку, ни повеќе, тие ја предизвикаа Барселона. Преку интересно видео кое стана хит на интернет, фудбалерките на Цирих се обидоа да ги испровоцираат колегите од Барселона со пораката "Do you have the balls?"

21 мај 2013 - 10:42