Фудбалери од Премиер лига вртат скара во село Лескоец, охридско

Едниот е Дејан Кулушевски од Тотенхем, другиот Јасин Ајари од Брајтон. Друштвото го собрал Кулушевски кој има потекло од Охрид и кој нашиот бисер за одмор го одбра и летото откако направи трансфер во Јувентус. Од материјалот на Инстрагам може да се забележи дека имале шарена програма како скара, посета на црква, уживање со глисер на езеро, бањање...

ЕДИТ од читател: 

Дејан Кулушовски е од ЛЕСКОЕЦ, а не од Орман. Оваа информација погрешно се пренесува во многу портали. Не е којзнае што, ама ете чисто, информативно. Од Лескоец се неговите родители и таму пред неколку години си направија и нова куќа. Поздрав од Охрид, а и од Лескоец. 

26 јуни 2023 - 15:18