Фудбалер на Сарагоса со вулгарна прослава на гол ја шокираше Шпанија

Во ситуација кога во Шпанија се фрла со дрвја и камења по првиот човек на тамошната фудбалска федерација Луис Рубиалес кој синоќа дал оставка зошто при прослава на освоено Светско фудбалско првенство за жени, ја бакна шпанската репрезентативка Џени Ермозо па наиде на осуди, сега еден цреп од Сарагоса го навлече гневот.

На мечот Картагена - Сарагоса, гостинскиот фудбалер Виктор Мољехо постигна гол во 92' минута за конечни 1-3 и го реши победникот. Но прославата на голот ја збуни шпанската јавност.

Реагирале и од Ла Лига со остра осуда и најавиле тужба до фудбалерот за да добие сериозна казна од дисциплинската комисија.

„Сакам да им се извинам на сите оние кои се почувствуваа навредено од мојот гест и мојата прослава. Тоа е потег кој не оди со мојата едукација, кога го гледам ова со ладна глава искрено се каам. Тоа не беше наменето никому и немаше никакво значење. Знам дека нема оправдување но немаше никакво значење. Сакам да побарам прошка од сите, навистина ми е жал“, рекол Мољехо свесен дека дисциплинците може да го „одерат“ со голема казна.

11 септември 2023 - 08:30