Фудбалер на Челси турна дете што собира топки па му го подари дресот

Челси имаше активен резултат до 86' минута во Париз против ПСЖ кога губеа со само еден гол негатива 3:2 но до крајот од средбата Хвича Кваратцхелија постигна два гола за конечни 5:2. Во судиското продолжение настана гужва поради Педро Нето.

Португалецот од Челси Педро Нето во судиското продолжение при резултат 4:2 за ПСЖ, во нервоза и брзање турна едно од децата задолжени за топки кај аут линијата. Луис Енрике претходно му гестикулираше на детето да не брза да ја враќа топката во игра.

Кога во здогледа Нето го оттурна детето и му ја зема топката. Веднаш настана голема гужва, а во метежот судијата покажа и неколку жолти картони.

НЕТО МУ СЕ ИЗВИНИЛ 35 ПАТИ НА МАЛИОТ

По крајот на натпреварот Педро Нето му пришол повторно на младото момче и со помош на преведувач од соиграчите, му се извинувал.

„Сакам да се извинам за ситуацијата која настана на терен со детето задолжено за топки. Веќе поразговарав со него. Тоа беше во жарот на борбата, бев емотивен. Губевме и сакав побрзо да ја земам топката, но го оттурнав и сфатив дека го здоболе.

Не сум таков човек, затоа жалам, не требаше да се случи ова. Чувствував дека треба да му се извинам. Мојот француски не е многу добар затоа Витиња ми помогна и му објасни. Малиот се насмеа а јас му го подарив дресот и веројатно 35 пати му реков 'извини'. Сфати што се случило, и на крајот го прифати тоа мирно“.

Оваа епизода потсети на фамозната со Еден Азар кога во лутина почна да шутира едно дете задолжено за топки на гостински натпревар со Челси против Свонси. Азар тогаш доби дисквалификација од 3 натпревари.

12 март 2026 - 12:38