Арсенал предводен од легендарниот Арсен Венгер играше во големото финале на Лига на шампиони во 2006-та година против Барселона.
А патот до таму им беше ваков: почнаа во група со Ајакс, Спарта Прага и Тун (швајцарскиот сензационален шампион за сезонава). „Топџиите“ ја поминаа оваа група лесно, како први со 16 бода, само едно реми со Ајакс во Амстердам во последното коло (0:0).
Еден од најинтересните моменти на сјајниот Арсенал таа сезона беше победничкиот гол на Денис Бергкамп во 90+2' минута во првото коло против Тун. Тогаш Лондонци играа со играч помалку по црвениот картон на Робин ван Перси.

Во доигрувањето потоа, во осминафинале прво па машко: им падна големиот Реал Мадрид кој заврши втор во група зад Лион. Првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ Арсенал го доби 0-1 по мајсторскиот гол на Тиери Анри кој уште е „во музејот“ на „топџиите“.
Реваншот во Лондон заврши 0:0 и Арсенал помина во четвртфинале. Таму ги чекаше силниот Јувентус кој штотуку го исфрли Вердер Бремен. Патрик Виера заигра против својот Арсенал после само пар месеци откако замина во Јуве за 20 милиони евра.
Во Лондон Арсенал славеше 2-0 на легендарниот „Хајбери“ каде Јувентус играше со двајца играчи помалку поради црвени картони. На реваншот во Торино немаше голови (0:0).

Откако совлада два гиганти, Арсенал почна да остава впечаток како многу сериозен кандидат за пехарот. Во полуфинале налетаа на најголемото изненадување таа сезона - шпански Виљареал.
Симпатичната „жолта подморница“ со Диего Форлан и Хуан Роман Рикелме играше можеби најубав фудбал во Европа таа сезона. Првиот натпревар во Англија заврши 1-0 после голот на стоперот Коло Туре.
Во Шпанија се играше култен натпревар. Виљареал имаше постојана иницијатива, создаде шанси а во 88-ма минута добија пенал. Огромна шанса за гол и продолженија. Но Рикелме слабо го изведе и Јенс Леман му го одбрани пеналот па Арсенал отиде во големото финале!

Во Париз во финале на мегдан ги чекаше големата Барселона, една од најславните генерации во историјата на фудбалот: со Виктор Валдез, Пујол, Маркез, Ето, Роналдињо, Деко, Џули, Ван Бомел, Хенрик Ларсон, Чави, Силвињо....
Педестина илјади навивачи на Арсенал од целиот свет отпатуваа во главниот град на Франција. Екипата имаше историска шанса да го освои за првпат големиот европски пехар.
Истрчаа во состав: Јенс Леман, Ебуе, Коло Туре, Сол Кембеп, Ешли Кол, Роберт Пирес, Жилберто, Сеск Фабрегас, Хлеб, Љунберг и Тиери Анри. Младата ѕвезда Лионел Меси тогаш не играше во финалето поради повреда (истегнат мускул) која ја заработи на реваншот со Челси во осминафиналето и паузираше подолго време. Беше во патниците за Париз но не беше ниту на терен ниту на клупа за резерви.
И на почеток на финалето на „Стад де Фран“ Арсенал беше шокиран на сам старт откако голманот Јенс Леман доби црвен картон уште во 18-та минута.
Но и со играч помалку момците на Арсен Венгер феноменално се држеа па дури и поведоа први преку Сол Кембел во 37-ма минута. И се држеа долго време, се до 76-та минута кога Самуел Ето израмни а само пет минути подоцна Бразилецот Белети донесе пресврт за Барселона во 81-ва минута и победа за шпанскиот состав.
Генерации навивачи и играчи на Арсенал 20 години жалеа за таа пропуштена шанса, а сега набрзо за неколку недели ќе добијат нова прилика. Во големото финале во Будимпешта на велелепната „Пушкаш Арена“, еден од најмодерните стадиони во светот. Ќе играат против Баерн или против ПСЖ....