Фабриката за ѕвезди - Динамо Загреб

„Модрите“ од улицата Максимирска бр. 128 важат за најдобар клуб на Балканов којшто е магнет за талентите. Како функционира нивната школа и како ги ловат надарените фудбалери?

Негови траги - Во репрезентацијата на Хрватска за Евро-2016 не се најде веќе продадениот Ален Халиловиќ, па затоа на излогот беа ставени Марко Рог и Анте Чориќ.

Негово дело - Работата со тренерскиот баук Анте Чачиќ кој до неодамна поправал телевизори, а после некоја година стана селектор на Хрватска и покорно стана негова марионета со кого го договара составот пред секој меч.

Негово наследство - беден локален фудбал, летни тераси со натпис: „Фудбалот не престојува овде“, општ револт меѓу навивачите кои поради него правеа прекини секаде каде што играше репрезентацијата.

Против него се здружија и крвните непријатели „Торцида“ и „Бед Блу Бојс“.

Тој се вика Здравко Мамиќ. Навивачите на Динамо за него велат „ѓаволот во човечки облик и изворот на злото“ којшто го навлече гневот на цела Хрватска. Како убиецот на Кенеди во Америка.

Мамиќ е обвинет дека им продавал места на играчите во репрезентацијата, поткупувал судии, со подземјето на диво потпишувал договори за играчи...

Здравко е идеален кариерист - пријател со поранешниот селектор Чиро Блажевиќ кој го научил да биде слаткоговорлив додека е гневен. Мамиќ секојдневно ја засилувал контролата над хрватскиот фудбал. Него го гонеа судските власти, беше и во притвор но секој пат случајот брзо се затвораше, а Здравко ја обвинуваше опозицијата. Повеќе од 2.000 најзагреани Динамовци со години беа надвор од стадионот затоа што Мамиќ им забрани влез. И самиот Здравко е поранешен „Бед Блу Бој“ кој по распадот на Југославија сакаше да го заживее клубот кој едно време се викаше „Кроација“.

Алфа и омега на Динамо

Мамиќ го создаде новиот Динамо, го приватизираше, а стариот клуб банкротираше. Од Динамо во негово време излегоа најдобри играчи и дојдоа многу трофеи, така што човекот кого го сметаа за воен профитер има алиби за што и да прави.

Ем го спаси главниот хрватски клуб, ем си најде фудбалско милениче.

АКАДЕМИЈАТА НА ДИНАМО ЗАГРЕБ

Трансферот во Динамо на времето го восхитил поранешниот селектор на репрезентацијата на Хрватска, Игор Штимац, но не поради фантастичните услови за развој во академијата како што мислите.

„Хрватска докажа дека може да развива млади таленти без услови, само со добри тренери и луѓе“, вели Штимац со напомена дека во академијата на Динамо има ред од 1967. година.

Школата на „Модрите“ е основана точно пред половина век, а ја нарекле во чест на две легенди на загрепскиот фудбал - Ичо Хитрец и Ратко Качан (двајцата играле до Втората светса вона). Но со доаѓањето, Мамиќ претпочитал доверливи луѓе. 

Еден од таквите е - Ромео Јозак, човек кој се смета за марионета на Мамиќ: бил директор на младинскиот сектор во Динамо, потоа работел во репрезентацијата, а од фебруари стана спортски директор на Динамо.

Но Јозак, за разлика од Анте Чачиќ може да се гордее со своите резултати. „Нашата Академија е меѓу шесте најдобри школи во Европа, заедно со Барселона, Интер, Ајакс и Спортинг, но нашиот годишен буџет изнесува милион евра, а нивниот осум милиони“, вели Јозак.

Анте Чориќ - новиот вундеркинд од Динамо

Пред три години Ромео го викнале да работи во академијата на Арсенал, но Мамиќ го задржал. „Парите го задржаа“, ќе ви каже некој навивач на Динамо Загреб.

Под закрила на Ромео Јозак, јуниорската екипа на Динамо го освои UEFA Jugend Cup, ги совлада Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, но за главен успех на Ромео се сметаа статистиката: 19% од играчите задолжително ги поминуваат сите младински категории на Динамо, од 8 па до 19 години.

Јозак вовел методологија и поставил две новости - децата до 12 години треба еднакво да ја развиваат моториката и вештините со топка.

Методиката е добра, но во што е тајната на толку талентирани деца во земјата без услови за фудбал? „Бог ни подарил светли таленти“, додава Јозак кој смета дека Хрватите се прилагодливи на тимски спортови, а како пример го наведува Тони Кукоч на кого многу му помогнала генетиката.

СКАУТИНГ

Динамо - како најдобра балканска екипа е магнет за талентите во регионот. Некои го поврзуваат Динамо како столб на хрватскиот фудбал и можност да се направи кариера како Лука Модриќ, а некои пак го сметаат Динамо за празна претстава на патриотизам затоа што таму многу зависи од Здравко Мамиќ.

Во 2007 година патронот на Динамо во Загреб го поканил семејството на Матео Ковачиќ на „Максимир“. Матео е роден во австрискиот град Линц, го сметале за наследник на Модриќ, бил на проба во Јувентус и Баерн, а кога еден спортски новинар од Хрватска дошол да го интервјуира, Стипе Ковачиќ таткото на Матео рекол: „Да живеам во Загреб ми е животен сон. Да пијам утринско кафе и да читам весник на плоштадот Јелачиќ“

Неколку дена подоцна новинарот Давор Блашковиќ му раскажал на Мамиќ за хрватскиот талент од Австрија и Здравко дал зелено светло и го поканил семејството на преговори. На состанокот Мамиќ им оставил генијален впечаток на родителите на Матео и после три години Ковачиќ играше за првиот тим кај тренерот Вахид Халилхоџиќ. Во зимата 2013-та премина во Интер за 11 милиони евра, а после две ипол години Реал Мадрид за него вложи 35 милиони евра.

Сценариото се повторило кога Динамо во Австрија го нашол Анте Чориќ - главната ѕвезда и капитен на тимот во моментов. Чориќ тренирал во академијата на Ред Бул Салцбург, а на 16 години Мамиќ го донел во Загреб.

Претседателот на Динамо му ветил на семејството Чориќ „ридови и планини“, но направил и мала дубара - сите права на играчот станале сопственост на компанија од Емиратите чијшто сопственик е син му на Мамиќ.

Така парите коишто Динамо еден ден ќе ги добие од Анте Чориќ (го бара пола Европа), наместо во клупската каса ќе заминат во џебот на Мамиќ.

Главна цел на Динамо Загреб, покрај подготовката на децата регрутирани во академијата од 8 години, во последните неколку години е и потрагата за таленти по цела Хрватска.

Но Ромео Јозак отишол подалеку - лично полетал во САД и Австралија каде на дело ги скаутирал најталентираните деца кои се спремни да се преселат во Хрватска. Поради тоа не треба да чуди што во академијата на Динамо има двајца Ирци, Американец, Иранец и Австралиецот Џејкоб Тарасенко.

Адриан Шемпер - важи за најталентираниот хрватски голман во моментов

Здравко Мамиќ има и две филијали каде што Динамо ги праќа младите играчи на калење - Зрињски од Мостар и Локомотива од Загреб.

Мостарскиот клуб од Босна беше трамполина за Ведран Чорлука и Лука Модриќ.

„Видовме потенцијал во Лука, но во Динамо ни кажаа: ’Што ќе ви е тоа слабичко дете? Тој е преслаб за да игра фудбал’, се сеќава потпретседателот на Зрињски Ивица Џиџиќ.

Модиќ во Босна и Херцеговина играл три години во кои се исчеличил меѓу одбранбените костокршачи. Тоа му користело - после четири сезони од Динамо направи трансфер во Тотенхем кој на хрватскиот клуб му плати 21 милион евра. 

Иван Фиолиќ - се калеше во Локомотива Загреб, па дојде во Динамо

Второто место каде „Мамињо“ масовно ги праќа талентираните деца да играат сениорски фудбал и од каде заработува многу е прволигашот Локомотива Загреб.

Во Локомотива заигра Андреј Крамариќ кој Динамо го продаде прво во Ријека за 1,2 милиони, а потоа Лестер го купи од Ријека за 10 пати повеќе. Шиме Вршаљко од Локомотива направи трансфер за 5 милиони евра а Милан Бадељ за 4 милиони. И двајцата се важни играчи во репрезентацијата на Хрватска. Сезонава Локомотива го позајми во Динамо Али Карими, Адриан Шемпер и Ивал Фиоилиќ. Запомнете ги овие имиња кои наскоро би можеле да тргнат по патот на Марко Пјаца кој лани потпиша за Јувентус договор вреден 23 милиони евра.