Европскиот шампион ПСЖ ја освои Барселона, Дортмунд го торпедира Билбао

Избраниците на Луис Енрике потврдија уште еднаш дека се најдобар тим на континетот откако вечерва со 1:2 ја совладаа Барселона на гости во дербито на вечерта во Лига на шампиони. Јувентус имаше цел плен во раце но прими гол од Виљареал во последните моменти, а Наполи на крилјата на Хојлунд освои три златни бода.

На стадионот „Монжуик“ се одигра спектакуларен натпревар, отворен фудбал и многу шанси на двете страни. Барселона прва поведе, но ПСЖ направи пресврт и со головите на младиот 17-годишен феномен Сени Мајулу во 38' минута  и на Гонсао Рамош во 90' минута го однесе целиот плен за француската престолнина.

Лига на шампиони, 2. коло резултати:

КАРАБАХ - КОПЕНХАГЕН 2-0 (1-0)

РОЈАЛ УНИОН СГ - ЊУКАСЛ 0-4 (0-2)

АРСЕНАЛ - ОЛИМПИЈАКОС 2-0 (1-0)

БАРСЕЛОНА - ПСЖ 1-2 (1-1)

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - ПСВ 1-1 (0-0)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - АТЛЕТИК БИЛБАО 4-1 (1-0)

МОНАКО - МАНЧЕСТЕР СИТИ 2-2 (1-2)

НАПОЛИ - СПОРТИНГ ЛИСАБОН 2-1 (1-0)

ВИЉАРЕАЛ - ЈУВЕНТУС 2-2 (1-0)

1 октомври 2025 - 23:35