Вкупниот приход на европските фудбалски клубови за сезоната 2011/12 достигна до 19,4 милијарди евра. Тоа е раст од дури 11% за една сезона. Ова се накратко заклучоците од годишниот извештај на Делоит:
- Англиската Премиер лига е првата лига во светот која оствари приход од 2,9 милијарди евра, со раст од 16% за сезоната 2011/12
- Германската Бундеслига ги зголеми приходите за 126 милиони евра, остварувајќи го најголемиот раст во Европа со вкупно 1,9 милијарди. Овој раст се должи на одличните изданија на двата најголеми клубови во Германија, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен кои стигнаа до финалето на Лигата на шампиони,
- Шпанската Ла Лига оствари приход од 1,76 милијарди евра со раст од 3% во однос на минатата сезона. Реал Мадрид и Барселона „растат" во просек по 7%, но останатите 18 клубови се уште страдаат од економската криза со просечен раст на приходите од 2%.
- Италијанската Серија А со само +1% споредено со сезоната 2010/11 го има најмалиот раст во Топ 5 лигати во Европа. Вкупниот приход на италијанскиоте клубови достигна 1,57 милијарди евра.
- Француската Лига 1 најмногу благодарение на ПСЖ имаше раст од 9% и достигна до 1,14 милијарди евра. Францускиот шампион во однос на минатата сезона го зголеми обртот за дури 120%.
Најголемиот дел од профитот (47%), европските клубови го остваруваат со продажба на ТВ правата, а 20% се од продажбата на влезници. Минатата сезона клубовите оствариле најмал раст (+5%) на приходите од влезниците, а тоа се должи на опаѓањето на бројот на гледачи во Англија, Италија и Франција.