Според XXII издание на годишниот извештај за финансиите во фудбалот кој го прави ревизорската куќа Делоит, приходите во европскиот фудбал растат повеќе од било кој друг сектор во економијата.
Осма година по ред Реал Мадрид остварува најголем приход во Европа според истражувањето на Делоит, а овој пат тие станаа и првиот клуб во било кој спорт што ја има надминато границата од 500 милиони евра приход.