Со остварен приход од 512,6 милиони евра во сезоната 2011/12, Реал Мадрид повторно се најде на првото место на "Deloitte Football Money League" рангирањето на ревизорската компанија Делоит. Ова рангирање се прави веќе 16 години, а Реал Мадрид го има запоседнато врвот во последните 8 години, а за прв пат еден спортски клуб успева да оствари приход од над 500 милиони евра.
„Ел Класико" освен на зелените терени, се води и во лигата на пари. Четврта година по ред на втората позиција зад Реал Мадрид е Барселона со 483 милиони евра.
На третата позиција е Манчестер Јунајтед со 395,9 милиони евра, а зад нив следат Баерн Минхен, Челси и Арсенал. Веќе петта година овие клубови во Топ 6 се непроменети.
Севкупно, приходот на најпрофитабилните 20 фудбалски клубови во Европа пораснал за 10% и тие заработиле 4,8 милијарди евра.
Deloitte Football Money League:
1. Реал Мадрид - 512,6 милиони евра
2. Барселона - 483
3. Манчестер Јунајтед - 395,9
4. Баерн М. - 368,4
5. Челси - 322,6
6. Арсенал - 290,3
7. Манчестер Сити - 285,6
8. Милан - 256,9
9. Ливерпул - 233,2
10. Јувентус - 195,4
11. Борусија Д. - 189,1
12. Интер - 185,9
13. Тотенхем - 178,2
14. Шалке - 174,5
15. Наполи - 148,4
16. Марсеј - 135,7
17. Лион - 131,9
18. Хамбург - 121,1
19. Рома - 115,9
20. Њукасл - 115,3