Реномираната американска телевизија ни го направи ќеифот и дресот на македонската фудбалска репрезентација го прогласи за најубав.
Еден од уредниците на „ЕСПН“ Клинтон Јетс и поранешниот американски фудбалски репрезентативец Херкулес Гомес, кој сега работи како стручен коментатор за американската телевизиска мрежа го изнафалија во следново видео:
„Ни се допаѓа буквално сè што содржи овој дрес. Домашниот, гостинскиот, сонцето, неверојатен е. Тие се нација за која повеќето луѓе не знаат дека постои, но ми се допаѓа фактот дека нивното знаме е толку директно претставено на нивните дресови. Само да потсетиме дека скоро го изненадија светот со тоа што ја победија Германија. Нивното знаме е импресивно, тоа го нарекуваме намера, а доколку го имате тоа, тогаш дефинитивно имате шанса“.
Видеото тука.