Емотивниот Луис Суарез: „Не можам да станам од кревет, пијам по три апчиња пред меч“

После последниот домашен меч во дресот на Гремио, легендарниот Луис Суарез имаше емотивно збогување со илјадници навивачи на овој бразилски клуб за кого одигра неверојатно и е трет стрелец во лигата со дури 15 гола и 11 асистенции. Сега се исповедал околу својата физичка состојба.

На 3-ти декември, во неделата вечер Гремио го пречека Васко да Гама во претпоследното коло од сезоната во бразилската Серија А.

Домаќините победија 1-0, стрелец на голот во 46’ минута беше кој друг ако не Лучо Суарез, легендарниот шпиц кој блескаше во Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона.

„Ел Пистолеро“ е при самиот врв на листата најдобри стрелци дури и како ветеран со 36 години. Го чека уште еден натпревар, во последното коло на гости кај Флуминенсе. А потоа станува слободен играч и сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Некои споменуваа дека сигурно ќе му се приклучи на Меси во Интер Мајами.

Семејствата на Суарез и Меси се во многу блиски односи уште од времето кога овој тандем правеше дар-мар во Барселона.

Но...

Во најново интервју за уругвајското Radio 890 Sport, шпицот вели:

„Сакав да играм во Копа Либертадорес но моето тело и болки беа против тоа. Единствени кои ја знаат реалната состојба на моето дело се три доктори и физиотерапевти. За да играм ми требаат таблети и инјекции.

Неколку дена пред секој меч примам по три таблети, а на неколку часа пред натпреварите ми боцкаат инјекција. Ако не, не би можел да играм. Затоа и кривам.

Треба да мислам на тоа дека е можно за пет години да не можам да играм фудбал ни со другарите. Искрено првите чекори сабајле ми се многу болни. Секој кој ме гледа мисли дека не можам да играм во таква состојба. Син ми ме вика да поиграм со нив фудбал а јас просто не можам“, искрено признава Суарез чие тело веќе како да е презаистено од фудбал.

А како и да не биде кога Уругваецот се изнаигра во дресот на Насионал Монтевидео, Гронинген, Ајакс, Барселона, Ливерпул, сега Гремио и за уругвајската репрезентација со која настапи на неколку мундијали.

Во неделата тој имаше прекрасно и емотивно збогување со навивачите на Гремио чиј миленик стана за кратко време.

„Не можам да го исправам коленото до крај. Тоа е последица на операцијата која ми ја правеа во 2020-та во Барселона. Работев на опоравокот три месеци а после почна пандемија, објавија затворање и последниот месец работев дома сам. А тоа не е исто, да работиш за квадрицепси или кога би дошол физиотерапевт да го разгиба твоето колено.

Постојано се чувствувам стегнато. Добро е коленото да не отече. Да имаше течност во него, немаше да можам да се поместам.

Пред секој меч земам по три таблетки, уште една следното утро, а користам и Волтарен (препарат против воспаленија и има аналгетски ефект) на неколку часа до мечот.

И не е само до коленото. Понекогаш ме боли и долу кај подколеницата, често грбот и затоа кривам кога одам. Секој ден процедурите се разни, во зависност од тоа каква бол чувствувам.

Ќе треба да помислам за својата иднина. Ќе дојде време кога за 5-10 години ќе посакам да поиграм фудбал со другари или падел-тенис или фудбал 5 на 5 и нема да можам поради остеоартрит. Треба се да се земе предвид“, вели 36-годишниот напаѓач на Гремио за уругвајскиот Radio 890.

Емотивна разделба на Суарез со Гремио

5 декември 2023 - 12:43