Емотивна разделба на Суарез и навивачите на Гремио, зачинета со ново голчиште за победа

Заминува по само 11 месечен престој, а кога гледате како го испратија, ќе помислите дека се работи за 11 години. На 36 годишна возраст извади повеќе од максимум за бразилскиот тим и оствари импресивни бројки.

Луис Суарез се одјави од Гремио со стил. Со гол над Васко де Гама вреден победа. Замина онака како што почна и како што постојано се однесуваше на терен. Голгетерски.

На 4 јануари беше претставен пред 30.000 навивачи, а на дебито експлодираше со хет-трик против Сао Луиз, кој пред неполн месец го повтори и против Ботафого.

На 36 години, легендарниот Суарез за Гремио оствари блесок од 27 гола и 17 асистенции на 52 меча, одиграни во 2023-та. Плус освои и два трофеи.

„Испиша прекрасно поглавје од нашата историја. Каде и да бидеш, засекогаш ќе бидеш бесмртен. Тоа не беше сон, туку збогување со главниот лик од ова поглавје од нашата историја: победа, гол и посебна порака за тебе.

На терен му се придружија двата сина, ќерката и сопругата, а на видео бим одеше компилација на негови голови.

Неговата заминување од бразилскиот клуб пред една недела го потврди, тренерот на Гремио. Ренато Гаучо.

Сега уругвскиот голгетер е слободен агент кој се поврзува со Интер Мајами, каде го чекаат поранешните клупски другари од Барселома, Меси, Бускетс и Алба.

За клуб и репрезентација има бројка на голови која секој напаѓач би ја посакал. 555 комада.

 

 

 

 

4 декември 2023 - 09:13