Емотивна вечер и за Левандовски, се расплака на збогување со навивачите на Барса

Во Шпанија викендов имаше емотивни вечери, на стадионот на Атлетико Мадрид и на Барселона. Во Мадрид преку 55.000 навивачи на Атлетико се простија со својот сакан Антоан Гризман кој им се извини уште еднаш што еднаш замина и ги напушти за да игра за Барселона. На „Камп Ноу“ пак Роберт Левандовски го одигра последниот натпревар за Барса на домашен терен на коло пред крајот.

Полјакот летово сигурно заминува од Барселона. На мечот со Бетис кој го добија со 3-1, Левандовски излезе од игра во 85' минута кога беше изваден и доби емоции и овации од навивачите. Се расплака.

За четири години колку што мина во Барселона откако дојде од Баерн Минхен, Левандовски постигна 119 гола.

 

18 мај 2026 - 12:55