На 9 јуни весникот Марка излезе со информација дека Кристијано Роналдо нема да игра на Супер Купот во Скопје. По три недели или поточно утрово, АС објави информација на која сигурно не постои навивач на Реал од Македонија кој не урлал од среќа.
Сценариото кое мораше да се случи за најдобртиот играч во светот според ФИФА, да се појави во Македонија, се оствари. Португалија е елиминирана во полуфиналето од Купот на Конфедерации од Чиле, а тоа значи дека Кристијано Роналдо ќе ја нагази тревата на Телеком арената во Скопје.
Доколку Португалците стигнеа до финалето кое се игра на 2 јули, Роналдо ќе го пропуштеше финалето од Супер Купот против Манчестер Јунајтед. Со оглед на неговите 32 години, Реал му дава одмор од 30 дена, но се елиминацијата во полуфинале, неговиот одмор автоматски се помастува поназад пет дена.
АС пишува дека Роналдо во ваков случај ќе почне со тренинзи на 1 август и со тоа ќе биде спремен за финалето против тимот на Мурињо закажано во Скопје на 8 август. Освен се разбира ако во меѓувреме не направи трансфер.
Инаку додека најголемата ѕвезда на Реал Мадрид ќе се одмора и ќе ги полни батериите, неговите колеги на 10 јули ќе одат на турнеја во САД. Таму ќе одиграат четири натпревари, меѓу кои и Ел Класико, а потоа во август со помош на Роналдо им стартуваат првите сериозни средби, односно три финалиња.