"Непотребно си ја комплицираме работата во групата, но тоа е плод на лоша атмосфера во екипата, а тоа случува зошто некои фудбалери претеруваат со своето однесување. Ваквата ситуација не е од сега, туку тоа трае уште од завршувањето на Светскиот куп, а тоа уште повеќе ја комплицира атмосферата", вели Робен.
Напаѓачот на Баерн, смета дека до добар резултат може да се стигне само со тимска игра, а не со поединечни потези во текот на натпреварот.
"Ако сакате успех, тогаш егото морате да го ставите во втор план и својата настап целосно да му посветите на тимот. Со соло игра тешко дека можете да дојдете со добар резултат", продолжи Робен.
Атмосферата во екипата очигледно е нарушена, колку и да се обидува селекторот Ван Марвијк тоа да го негира. Прв, кој во текот на првенството јавно го искажа незадоволството беше Рафаел ван дер Варт.
"Кога не си во стартната постава, легитимно право на секој играч е да биде незадоволен и тоа треба да го решава со селекторот и да разговара во четири очи. Тоа е сосема нормално, но кога натпреварот ќе почне тогаш сите треба да сме единствени без оглед дали сме на терен или седиме на клупа", заврши холандскиот репрезентативец.
Холанѓаните ги очекува последниот и за нив решавачки натпревар на Евро 2012, а противник е Португалија. За пласман во следната фаза потребна е победа, но и пораз на селекцијата на Данска, која пак се среќава со Германија.