Се работи за еден крајно груб и намерен удар на Ибрахимовиќ врз Матераци на миланското дерби во сезоната 2010/2011, на кое кај Златан му влезе со кунг фу, па уште и сега дава објаснување дека уствари го чекал денот за да му го стори тоа.
„Кога играв во Јувентус, Матераци ми влезе како убиец и ме повреди. Беше лош играч и има два начини за да се докаже тоа. Малдини на пример исто беше зезнат, ама имаше друга цел, а овој навистина сакаше да повреди некој. Во второ полувреме Матераци тргна накај мене, а јас му направив едно движење како на Таеквондо и така го пратив во болница. Станковиќ ме праша зошто сум го направил тоа, а јас му одговорив дека го чекав овој момент 4 години.“
Поранешниот италијански репрезентативец очигледно го прочитал овој дел од последното интервју на Ибра каде се навраќа на нивниот дуел и реши да му врати на Инстаграм со елегантен и ироничен пост.
„Дојдов, видов, победив. Секогаш и секаде БЛАГОДАРАМ Златан Ибрахимовиќ. Без тебе, немаше никогаш да ја освоиме“.
Се мисли на Лига на шампиони, трофејот кој Златан никогаш не го освои во кариерата, без разлика што играше за гиганти како Јуве, Интер, Барса, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
На видеово го има грдиот потег на Ибра, ама претходно и грубиот старт на Матераци кој воопшто не е наивен. И Марко беше заебан лик. Му влезе ко стопан и потоа место да му се извини, го опцу.
Инаку Ибрахимовиќ и Матераци играа заедно во Интер од 2006-та до 2009-та. Златан потоа направи трансфер во Барселона, па во Милан, но и покрај тоа што поминало време и во меѓувреме биле клупски колеги, очигледно не го заборавил клизачот на Марко.