Серија А, Куп на Италија, Супер Куп на Италија, Лига на шампиони два пати, Супер Куп на Европа два пати и Светско клупско првенство.
Ова е успехот на Карло Анчелоти со Милан. Во тоа време на тој тим луксуз беше гол да му дадеш, а за пет можеш да сонуваш.
Но тој Милан беше скроен во друго време, со други газди и со играчи од друг ков. Тој дрес не можеше да го носи било кој.
Самиот Карло ќе го објасни тоа на многу интересен начин.
„После многу тактички размислувања околу составот кој го имав, се роди еден оригинален систем кој вклучуваше:
- Четири играчи во дефанзивната линија
- Тројца во среден ред (еден поназад од калибарот на Пирло и двајца странично)
- Двајца полушпицови
- Еден истурен напаѓач.
Ова е божиќната и новогодишната елка, која ја користам како метафора за тоа што го имав. Кога на своите играчи ќе им предложиш нешто ново, можеш да биде сигурен дека ќе го исполнат само ако целосно се вклучат и работат на тоа да ја реализираат идејата што ја имаш.
Во тој Милан успеавме да ја постигнеме целта затоа што играчите кои имаа голема вредност се идентификуваа во новата задача.
Сидорф, кој имаше големи предиспозиции да биде треквартиста, се прилагоди да игра по лево. Гатузо од централен отиде подесно итн.
Концептот на фудбалска рамнотежа ми успеа со помош на достапност, вклученост и ентузијазам.
Таа достапност ја одржуваше тактичката рамнотежа и ми дозволуваше истовремено во игра да ставам добри 5 играчи кои имаат офанзивни карактеристики“.