Џек Грилиш уште не се отрезнил

Манчестер Сити организирал шампионска парада во градот. Освоија тројна круна и влегоа во вечноста како еден од ретките клубови на кои им успеало ова. Шампионска титула во Премиер лига, пехар во Лига на шампиони и трофеј во ФА Куп. Најдобриот тим во Европа заслужено славел. Се пиело сè и сешто а најмногу со чашката се дружел најскапо платениот фудбалер на тимот Џек Грилиш.

14 јуни 2023 - 11:02