Џабе победија 10:0

Фудбалерите на Бахреин за џабе местеа победија со 10:0 затоа што сепак се елиминирани од квалификациите за СП 2014.

Ако на livescore ги следевте резултатите од интернационалните натпревар во средата, сигурно го забележавте резултатот Бахреин - Индонезија 10:0.

За пласман во следната квалификациска рунда на фудбалерите на Бахреин им требаше победа од повеќе од девет голови, но во исто време и пораз на Катар во Иран.

Индонезија ја олесни ситуацијата со тоа што допатува со втор тим, а уште во третата минута останаа со играч помалку откако црвен картон заработи нивниот голман.

Првиот услов беше исполнет. Бахреин ја победи Индонезија со 10:0, но Катар одигра 2:2 со Иран.

Tака репрезентацијата на Бахреин не само што е елиминирана од квалификациите за Светското првенство во 2014 туку го привлече и вниманието на службите на ФИФА кои дополнително ќе спроведат дополнителна истрага за овој натпревар.

1 март 2012 - 10:00