Две убавини од слободен удар, една во Полска, друга во Турција
Висла Плок со 2-1 ја совлада Полонија Варшава со гол во 90-та минута од слободен удар на 34-годишниот шпански ветеран Дани Пачеко. Висла со оваа победа е трета во втора лига, на место кое води во доигрување за прва лига. А во Турција Фатих Караѓумрук го совлада Тексут Бандирмаспор со 3-1 во првиот меч од баражот за прва лига. Ама што гол даде гостинскиот фудбалер Хикмет Чифтчи.