Два гола во финишот кои ја однесоа Јапонија на Светско првенство

На меч меѓу Австралија и Јапонија во претпоследно коло од квалификациите беше 0-0 до самиот финиш. А тогаш во 84’ минута во игра влегува 24-годишниот Каора Митома од лидерот во белгиското првенство Ројал Унион и дава два гола, во 89’ и 90+4’ минута. Голови вредни пласман на Светско првенство 2022 во Катар.

Од оваа група Саудиска Арабија игра со Кина и со триумф би го заверила пласманот на Мундијал во соседен Катар како второпласирана. Јапонците одат на седмо Светско првенство по ред:

Австралија за пласман на Мундијал ќе игра прво против третопласираниот од другата група, тоа е ОАЕ, а победникот од тој двомеч ќе се сретне со петтопласираниот во Јужна Америка а тоа во моментов е Перу.

Од групата А Јужна Кореја и Иран веќе осигураа виза за Мундијалот 2022 како први две селекции.

24 март 2022 - 14:10