
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед после голем пресврт го совладаа шпанскиот состав убедливо и да се пласираат во четвртфинале каде ќе ги чека Олиимпик Лион.
Ова е каква-таква утеха за навивачите на Манчестер Јунајтед кој е на мизерно 14-то место во Премиер лига. Сега остануваат во борба за трофејот во Лига Европа кој би можел и тоа како да им ја спаси сезоната.
Овој натпревар Ман. Јунајтед - Реал Сосиедад донесе дури три пенали. Прво во 10' минута Матијс Де Лихт го фаулираше капитенот на гостите Микел Ојарзабал а по прегледување на ВАР снимката, францускиот судија Беноа Бастиен досуди пенал.
Ојарзабал го искористи пеналот исто како и на првиот дуел кога постигна гол од пенал.
Но само шест минути подоцна Јунајтед доби прв пенал, Бруно Фернандеш го реализираше. Во вториот дел во 50' минута екипата од „Олд Трафорд“ доби нов пенал и капитенот Фернандеш го донесе својот тим во водство 2-1.
Во 63-та минута Реал Сосиедад остана со играч помалку поради директниот црвен картон на Арамбуру. Манчестер Јунајтед тоа го искористи и до крајот на средбата постигна уште два гола.
Прво Бруно Фернандеш забележа хет-трик во 87-ма минута а конечните 4-1 во 90+1' минута ги даде неговиот сонародник Португалецот Диого Дало.
По натпреварот навивачи на Реал Сосиедад ја „едитирале“ страницата на Википедија за францускиот судија Беноа Бастиен кој им досуди два пенали против нив и директен црвен картон: