Друг агол од инцидентот со Винисиус

Бразилецот синоќа го реши победникот и со еврогол му донесе триумф на Реал Мадрид против Бенфика 0-1 на гости. Ќе има реванш, а до тогаш ќе се зборува за инцидентот меѓу Винисиус и Аргентинецот Престијани. Ѕвездата на Реал откако постигна гол играше провокативно пред корнер знаменцето пред домашните навивачи. Потоа дофрлаше нешто до играчите на Бенфика па Престијани му врати прекриен со дрес. Винисиус пријави расизам па мечот беше во краток прекин.

Прво Бразилецот ги провоцираше домашните играчи после што доби жолт картон:

20-годишниот Аргентинец Џанлука Престијани кој во Бенфика дојде во 2024-та од Велез Сарсфилд на својот Инстаграм профил после мечот напиша: „Сакам да појаснам дека во ниту еден момент не сум го навредил расистички играчот Винисиус Жуниор кој за жал погрешно го разбра тоа што мислеше дека го слушнал. Никогаш не сум бил расист со никој и жал ми е за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид“.

18 февруари 2026 - 09:30