Дрис Мертенс уште го има најдобриот плас

Во 1/8 финалето од турскиот Куп, Галатасарај со 1-2 на гости ја победи Алањаспор. Вториот погодок за гостите од Истанбул го даде Белгиецот кој од Наполи дојде во Турција. Дрис Мертенс во свој стил.

Галатасарај под водство на нивниот некогашен лидер Окан Бурук, кој на клупата седна во јуни 2022-ра е прв во турската Суперлига со 42 бода, четири повеќе од најголемиот ривал Фенербахче кого пред две недели го добија 0:3 на гости. Трет е Башакшехир кој има 34 освоени бода.

18 јануари 2023 - 10:51