Доаѓале екипи и екипи, ама ваков потег немало на „Олд Трафорд“

Клуб Бриж на првиот меч против Манчестер Јунајтед во Лига Европа одигра достојно (1:1). На реваншот во Англија се држеа 22 минути, ама тогаш нивниот стопер Симон Дели направи будалеста работа, помисли дека е голман и тргна со рака да брани еден шут.

Турскиот судија Сердар Гезбујук му даде директен црвен картон, а нејасно беше што сакаа тие горе од ВАР собата па неколку минути се советуваа со него.

До полувремето Манчестер до врв му ја наполни мрежата на Бриж - 3:0.

28 февруари 2020 - 00:08