Де Хеа е најдобар во Премиер лига за месец јануари, има и зошто

Со 22 чисти одбрани на четири премиерлигашки дуели во јануари од кои блескаше најмногу против Вест Хем и Брентфорд, Де Хеа заслужено ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лига за првиот месец во годината. Шпанскиот голман го доби истото признание и во клубот во избор на навивачите што значи дека ја добива трет месец по ред.

На 31-годишниот Шпанец му требаа уште 18 натпревари без примен гол за да го стигне историскиот клупски рекорд на Питер Шмајхел кој имаше дури 180 меча без да ја вади топката од својата мрежа.

4 февруари 2022 - 12:05